По заклучоците на ДКСК

Заев бара одговорност од функционерите, а од нивните роднини да се повлечат од работните места

Директно испраќам наредба до сите, веднаш да се повлечат од работните места каде што се. Само така ќе функционира системот, изјави на синоќешната трибина во Прилеп премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев по вчерашните заклучоци на Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Само така и никако поинаку ќе ја средуваме државата. Еве ги одлуките. Државната антикорупциска комисија е независна институција и очекувам да ги соопшти резултатите што ги најави и за другата страна оти тие беа примерот за непотизмот во државата и целото партиско, но и роднинско вработување. Очекувам и за другата страна“, додаде Заев.

Уште во февруари Заев најави дека ќе бара одговорност од функционерите доколку од страна на сите надлежни институции се докаже дека имало вмешаност или влијание при вработувања во државните институции.

„Ако Државната комисија за спречување на корупцијата или која било друга институција покаже и докаже дека имало вмешаност, кршење на законот, судир на интереси ќе барам директна одговорност“, изјави Заев.

Ако се следат заклучоците на ДКСК и наредбата на Зоран Заев, веќе денеска јавноста треба да биде информирана за барање одговорност од министрите Крешник Бектеши и Асаф Адеми, од генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски, портпаролот Костадин Костадинов, од пратеничката Мира Стојчевска... А сите нивни роднини, браќа, сестри, дедовци, внуки, сопрузи, синови... уште денеска да се повлечат од нивните работни места.

ДКСК вчера утврди дека кај шест од вкупно 18 случаи на вработувања на блиски роднини на функционери имало непотизам и побара прекршочна пријава против министерот за еконимија Крешник Бектеши за влијание при вработување на неговата сестра, а најави дека две прекршочни пријави ќе има и против претседателот Ѓорѓе Иванов за армиски унапредувања  за време на предизборниот период.

Според Антикорупциската комисија, при некои од вработувањата имало измени на актите за вработувања и тие не одговaрале на систематизацијата, туку критериумите во огласот биле местени за кандидатот што требало да биде вработен. Меѓу овие случаи се и вработувањата на роднините на пратеничката Мира Стојчевска. Тука се и бабата, дедото и сестрата на Александар Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ. Според ДКСК влијание се вршело и при вработувањето на мајката на Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.  Индикации за влијание има и за вработувањето на сестрата на министерот за култура Асаф Адеми за која комисијата констатирала дека било креирано ново работно место две недели пред да биде објавен огласот...

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе