Заев: Важно ми е да имам потврда од Мишел дека паралелно ќе се одлучува и за преговори и за новата методологија

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на утрешната средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел очекува да добие детали за новата методологија, како и за односот на земјите членки кон самата методологија.

„Верувам дека ќе може да ни даде информација повеќе во однос на тоа кога се планира усвојувањето на самата методологија, за односот на земјите членки кон самата метолодогија. Мене ми е значајно да имам потврда од претседателот на Европскиот совет дека за одлуката за проширувањето и добивањето на датумот за Република Северна Македонија ќе се одлучува паралелно, без разлика дали методологијата ќе биде готова или не, ние имаме право на паралелна одлука и очекуваме датум за почеток на преговори“, рече Заев.

Тој потсети дека и на Советот на ЕУ во октомври беше кажано дека на тоа прашање ќе се навратат во мај на Самитот на ЕУ во Загреб, каде што е поканета и нашата земја.

„Верувам во позитивни одлуки, би било добро тоа да се случи што поскоро за сите и ако еден од тие кој најмногу знаат тоа е претседателот на Европскиот сове Шарл Мишел со кој ќе имам чест и јас да се видам во сабота наутро“, истакна Заев.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел од денеска ќе престојува во работна посета на Македонија и ќе се сретне со високи претставници на земјава, на кои се очекува да се разговара за новата методологија на преговарање, како и за текот на реформскиот процес.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе