Порака до пратениците на Фејсбук

Заев: Вашиот глас „за” нѐ става во европското семејство на нации

По обраќањето на премиерот Зоран Заев на почетокот на собраниската седница за уставните измени, тој на пратениците им упати порака и на неговиот Фејсбук профил, повикувајќи ги да гласаат „за” уставните измени.  

„Имавме инклузивен процес кој треба да заврши со двотретинско гласање, граѓаните и светот очекуваат државничка одлука. Им благодарам на пратениците од сите партии и пратенички групи, од владејачката коалиција, од БЕСА и од Алијанса на Албанците, на 8-темина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и на пратеникот Панчо Минов, кои дадоа придонес во амандманите и во процесот и го потврдија и верифицираа македонскиот идентитет.

Вашиот глас е глас за полноправно членство на нашата земја во НАТО за помалку од една година. Вашиот глас ЗА, нѐ става во европското семејство на нации во ЕУ. Граѓаните ќе ви бидат благодарни. Заедничка е одговорноста да ги поведеме нашите граѓани кон безбедна, стабилна, економски силна, заедничка држава.

Патриотизам е кога им го градиш патот на идните генерации, правејќи држава признаена од сите, на којашто граѓаните се горди”, напиша Заев.

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе