Заев утрово ќе се сретне со Меркел

Премиерот Зоран Заев кој денеска и утре е во дводневна работа посета на Германија, утрово ќе има средба со канцеларката Ангела Меркел, на која клучна тема ќе биде датумот за почеток на преговори со ЕУ кој што треба да биде утврден на самитот на Унијата на 20 и 21 јуни во Брисел. 

Заев на средбата уште еднаш ќе побара поддршка од Меркел за добивање датум за отпочнување на преговори со Унијата откако претходно германските медиуми јавуваа дека таа не е одлучна за давање датум во јуни за Македонија . 

Македонскиот премиер пред да замине за Германија рече дека земјава го испорачала тоа што ЕУ го побарала и дека сега Унијата е таа од која „во голема мера ќе зависи и развојот на настаните на домашната политичка сцена“ .

Пред денешната средба со Меркел, премиерот Заев синоќа од средбата со германските стопанственици во Берлин порача дека одлагањето на почетокот на преговори со ЕУ за земјава ќе има негативни последици, ќе ја доведе во прашање стабилноста на владејачката коалиција туку и ќе го дополни со гориво ултранационализмот. Заев кажа дека Владата очекува отворање на пристапните преговори со ЕУ овој јуни, како што е запишано во заклучоците од Советот на ЕУ од минатата година.

Заев, на средбата ќе биде придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

 

 

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе