Лидерска средба во Клуб на пратеници

Заев утре ќе ги информира Иванов и партиските лидери за средба со Ципрас и можното решение

Премиерот Зоран Заев информираше дека за утре во 13 часот свикал лидерска средба во Клубот на пратениците, за да ги информира лидерите на партиите за деталите од средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас и за можноста да се даде шанса за евентуално решение што би било прифатливо за двете страни. Според најавите, на средбата е поканет и претседателот Ѓорге Иванов.

„Би сакал да се запази редот, да има информирање за деталите. Прво да му ги соопштам на претседателот на државата, на лидерот на опозицијата, на лидерот на најголемата албанска партија, претседателот на Собранието. Тоа е редот, за да имаме шанса да изградиме национален консензус по вака важно прашање. Веднаш по состанокот ќе дадеме изјава и сето ќе го споделиме со јавноста”, порача Заев од Струга.

Тој додаде дека министерот за надворешни работи Никола Димитров веќе ги контактира сите поканети на средбата, изразувајќи уверување дека сите ќе бидат присутни на средбата.

Премиерот не сакаше да коментира каков е неговиот став како граѓанин, а не како премиер, по однос на можниот предлог што се објавува по медиумите, апелирајќи на трпение за да се даде шанса да успее преговарачкиот процес. Тој, исто така не го коментираше предлогот република Илинденска Македонија, кој наводно бил ставен на маса во Софија.

„Многу опции се разгледуваа, една од опциите може да биде крај на процесот, со комплетно решение кое никогаш повеќе нема да отвора вакви проблематики помеѓу две соседни држави како Република Македонија и Република Грција”, рече Заев.

За ова име нема потврда ниту од грчка страна.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе