По гласањето во Собрание

Заев: Успеавме, законот за ЈО ќе донесе разрешница за сите постапки на СЈО

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека успеале и ставиле уште еден темел на неселективна правда и на правосудство кое гарантира одговорност.

„Успеавме, ставивме уште еден темел на нелеселективна правда и на правосудство кое гарантира одговорност за секој кој го прекршил законот. Се изборија две третини од пратениците, презедовме чекори кон силна правна држава. Им честитам на сите 80 пратеници кој го препознаа овој момент како клучен, ги пребродија притисоците и гласаа за донесување на Законот за ЈО. Со овој закон гарантирана е судската разрешница на сите започнати постапки од СЈО, сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и транспарентни постапки. Ќе има разрешница за случаите во кои основни индиции беа „бомбите". Скриена амнестија нема за никого и секој кој што го прекрил законот ќе се соочи со одговорност и секој кој ќе го прекрши законот ќе одговара. Политичарите мора да бидат далеку од правосудството. ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за правна држава и за европска иднина и се единствените кои се противеа за чекор кон правдата", рече Заев.

Претседателот на СДСМ ги повика сите да се приклучат кон градење на правна држава и утре во 18 часот пред Собранието да чекорат во името на правдата, да се приклучат кон „Маршот за правдата".

„Ве повикувам сите, приклучете се во борбата за правда. Денешната победа нека биде мотив, заедно да постигнеме многу повеќе. Заедно да чекориме во изградбата на правната држава. Затоа, ве повикувам сите правдољубиви луѓе, утре – понеделник, во 18 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија, да чекориме во име на правдата. Ве повикувам да се приклучите кон Маршот "Чекориме за правда". Заедно да чекориме од местото каде се изгласа овој толку важен закон, од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници – судот Се гледаме утре во 18 часот пред Собранието, чекориме за правда" повика Заев.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе