Лидерот на СДСМ реагира

Заев: Укинувањето на Преспанскиот договор ќе ја уништи иднината на земјата

Укинувањето на Преспанскиот договор може да ја врати земјата 25 години назад, смета лидерот на СДСМ Зоран Заев. 

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска реагирајќи на одредени најави на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на Договорот од Преспа со Грција истакна дека тоа ќе биде опасно и може да ја врати земјата 25 години назад.

Не верувам, рече Заев, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие избори, уште помалку дека ќе освои 2/3 мнозинство за да го смени Договорот, но, должни сме да укажеме на граѓаните што би се случило доколку тоа се направи.

Во неколку наврати, рече Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицкоски и за странски и за домашни медиуми најави дека доколку имаат двотретинско мнозинство ќе го укинат Договорот од Преспа, кој, како што потенцира, е договор кој не донесе до НАТО и до чекор со ЕУ.

„Дали ВМРО-ДПМНЕ се свесни што ќе се случи ако се уништи Преспанскиот договор? Укинувањето би не вратило 25 години наназад, и би го вратило ПЈРМ односно ФИРОМ, име со кое бевме именувани на сметка на уставното име. Тоа ќе значи укинување на членството во НАТО, губење на ЕУ перспективата, губење на милијарда евра инвестиции. Без договор од Преспа, ќе исчезне поддршката од нашите стратешки партнери, нови блокади од Грција, нова внатрешна нестабилност и ризици за конфликти“, рече на прес-конференцијата Заев.
Тој додаде дека укинувањето на договорот е опасна работа и оти затоа целата демократска јавност и СДСМ се тука да гарантираат дека договорот од Преспа ќе живее, и дека ќе донесе иднина за нашата земја. 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе