Во изјава од малешевскиот регион

Заев: Убеден сум дека ќе се справиме со пожарите

Обезбедени се доволни количини вода во случај да не стивне ветрот и пожарот да го зафати беровското село Будинарци, вели премиерот Зоран Заев, кој денеска е во посета на опожарените подрачја во Малешевијата. Тој е убеден дека државата, заедно со странската помош во пожарникари, возила, опрема, хеликоптери и авиони, ќе се справи со пожарот и дека ќе биде комплетно локализиран.

„Горе се локализира, но секако ветрот не дава можност да се намали огнот. Се прават обрачи на два дела. Едниот е првиот обрач поблиску до огнот, а вториот обрач е веднаш до селото затоа што по протокол и процедура така мора да се заштитат и граѓаните, најважно, па понатаму и имотот, недвижностите, куќите, шталите, имотот на граѓаните. Се надеваме дека со помош на авионите што се овде, заедно со српските и нашите хеликоптери, ќе можеме сето тоа да го направиме“, рече Заев.

Премиерот истакна дека заедно на терен со нашите противпожарни единици се австриските и другите противпожарни единици кои прават дополнителни вештачки резервоари за да обезбедат дополнителни количини, со конечна цел доколку ветрот го насочи огнот поблиску до селата, да не се губи време на дополнително одење и доаѓање на полнење, туку тука да се создаваат самите резервоари, што претставува дел од протоколите на нивното дејствување.

„Јас верувам дека секако ќе се заштитат човечките животи, имотите овде. Важно е да се делува од сите страни. Посебен респект за противпожарните станици кои се директно таму експонирани кај што е огнот и тука го пресекуваат. Гледате дека механизација прави продорни патишта заради пресекување при евентуалното негово доаѓање поблиску до населените места. Значи, се преземаат сите дејствија за да може да се локализира и ова најголемо жариште во државата, а тоа е пожарот помеѓу Берово, Пехчево и Делчево буквално што е некаде во радиус од 50 километри“, додаде премиерот Заев.

Освен за големото жариште премиерот информираше и за пожарите во Радовишко, и во Прилепско и на други места во државата што се под контрола и локализирани.

„Нормално секоја искра може да значи нов пожар. Уште еднаш апелирам до сите граѓани на одговорност, има строга забрана по шумите, мораме да внимаваме сите и тоа внимание мора да биде посочено и за себе и за другите. Значи, да пријавуваме ако имаме нешто загрозувачко или слично. Веќе се поднесени пет кривични пријави за пет случаеви. Рака на срце, три од нив се ненамерно предизвикани пожари, двата се веројатно намерно предизвикани, тоа истрагата и обвинителството ќе го утврдат, тие се процесуирани и секако казните се огромни. И ќе бидат огромни“, рече Заев и апелираше до сите на одговорност и на солидарност.

Околу сервисирањето на хеликоптерите тој објасни дека се сервисираат постојано, а проблем според него, има и со авионите, конкретно недостигаат компании за сервисирање, регистрирање, одржување и лиценцирање поради што многу често жалбените постапки согласно Законот за јавни набавки никако не завршуваат.

„Овие денови побаравме можност преку Бирото за јавни набавки по пат на преговарање да се ангажираат најблиските фирми. Отворивме можност, амбасадите помагаат“, додаде премиерот.

Владата како што, посочи, и досега помагала, според него, има обновено голем дел од противпожарните единици, има многу нови возила, но и најголем дел се со застарена механизација. Најави продолжување и понатаму со уште поинтензивно темпо да се набавуваат средства, машини, противпожарни возила, се што им треба на пожарникарите.

„Комплименти за сите оние општини коишто ги наградија пожарникарите заради тоа што навистина некои имаат непрекинати часови работа, на терен и навистина заслужуваат. Јас реков, тие се нашите херои – заедно со Армијата, полицијата, ЦУК, ДЗС, но и локалното население како и голема благодарност до пријателските земји што помогнаа“, рече Заев.

Нагласи дека се очекува уште едно летало од Романија, второ кое денеска треба да стигне од таа земја во рамки на ЕУ - механизмот за вонредни состојби, што ќе биде од помош при гасењето на пожарите. Едното летало, појасни, е за гаснење пожари, а другото за асистирање, заради тоа што е поголемо во обем и носи поголеми количини на вода и треба да помогне при гасењето на пожарот на оваа најтешко зафатена локација – беровско-пехчевскиот и делчевски регион.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе