Заев: Трагедијата во Тетово да не се користи за политичко профитерство

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во вечерашниот тв дуел со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Канал 5 уште еднаш повтори дека ќе ги причека резултатите од истрагата за трагедијата во тетовската модуларна болница, па дури потоа ќе донесе одлука за оставките на министерот Венко Филипче и неговиот заменик.

Заев истакна дека вештачењата ќе бидат само еден инпут во донесувањето на неговата одлука.

Тој го осуди барањето и постојаното инсистирање на опозицијата за оставка на Филипче, нагласувајќи дека е мотивирано единствено од желба за власт и собирање политички поени. Потврди и дека за пуштањето на модуларната болница во употреба биле исполнети сите законски предуслови. За такви објекти, истакна, се прави примопредавање, не се дава употребна дозвола.

„Се случи страшна трагедија, оргомна загуба. Оставките се поднесени од морални причини, а одговорноста кај Владата и Министерството за здравство е голема. Сакам да ги знам деталите од истрагата, да ги слушнеме точните причини – од што настанал пожарот, дали имало слабости и кој е одговорен, за да ја донесам одлуката“, рече Заев.

Тој напомена и дека во услови на пандемија, Филипче и неговиот заменик сработиле многу и исклучително сериозно, се соочиле со сите предизвици, а пандемија уште има и ќе има поради што, мора да се внимава многу на одлуките.

„Како што реков, ќе ги почекам анализите и деталите за да ја донесам конечната одлука, но тоа е само еден инпут во одлуката, тука е и другата одговорност – континуитетот, зашто допрва ќе имаме сериозни предизвици. Јас сум премиер и како Влада е многу важно какво одлуки носиме зашто сме одговорни за системот, граѓаните и државата“, рече Заев.

Откако Мицкоски во текот на дуелот го обвини за трагедијата наведувајќи дека модуларната болница била пуштена во употреба без соодветен документ и посочувајќи дека не е потребна само морална, туку и кривична, како и политичка одговорност, Заев возврати дека тоа се лаги искажани исклучиво за политичко профитерство.

Желбата за власт да го прави човек толку политички профитер ви личи само вам. Вие сте и истражител и судија и обвинител, му рече Заев на Мицкоски.

„Буквално од ракав „тропате" работи кои се далеку од секоја можна вистина. Модуларните болници се направени како во сите земји, спроведена е постапката согласно закон, а ние не треба да коментираме делови од истрагата. Се е според закон, испочитувани се сите прописи. Толку да бидете политички ориентиран за пуста желба за власт и за политичко профитерство да ја злоупотребувате оваа трагедија ви личи само вам. Да се злоупотртебува за политички цели оваа страшна трагедија е проѕирно и тоа граѓаните го гледаат. Сите жалиме, но прашањето е како се поставувате како одговорен човек. Одговорноста кај мене е поголема зашто сум премиер. Поставивме модуларни контејнери претходно сработени во фабрики и за такви објекти се прави примопредавање, не се дава употребна дозвола. Објектите се поставени за да не ни се случи италијанското сценарио, како што е и секаде во светот. Злоупотребата на оваа трагедија за политички цели народот ја препознава“, истакна Заев, обраќајки му се на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

За трагедијата, подвлече, ќе бидат дадени одговори на сите можни прашања. – Банално е дали некој може да го замени Заев во СДСМ, за тоа реков дека е банално зашто никој не е незаменлив па ни Заев, објасни Заев.

Ова трет дуел на лидерите на двете најголеми партии, Заев и Мицкоски.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе