Заев: Суштината е дали „бомбите“ ќе се користат како доказ или не, а не кој ќе гони

Суштинско прашање за Законот за јавното обвинителство не е барањето на опозицијата во врска со постапувањето по предметите на СЈО по 30 јуни 2017 година, туку дали „бомбите“ ќе се користат како доказ или не, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Во однос на црвените линии на опозицијата дека нема да прифати после 30 јуни 2017 да се отвораат нови случаи од страна на СЈО или обвинителството што треба да го наследи и можноста да се постигне компромис за тоа, Заев вели дека, барем како што е тој информиран од работните групи, во суштина горливоста на прашањето не е во тоа.

„Суштината според мене е дали бомбите ќе се користат како доказ или не, затоа што Кривичниот законик вели дека кривично дело за кое што постојат индиции и аргументи не може да не се гони, насекаде во свет се гони. Ако не го гони СЈО, ќе го гони друго обвинителство. Надлежен орган за тоа е јавнообвинителскиот систем во државата и тука нема дали Заев, Мицкоски, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ нешто сакаат или не сакаат. Апсолутно, прашањето е доказите дали бомбите ќе се користат како докази затоа што сите тие се индиции“, изјави Заев.

Затоа, вели тој, ако сакаме и ако сме одговорни ќе најдеме решение.

„Кој било ако биде ставен во позиција дека сака да ги уништи предметите, дека сака да ги омаловажи, да ги одложи или како било да им наштети ќе изгуби политички. Тоа е чувство кое што мораме да го споделиме. Јас верувам, барем така работните групи соопштуваат, ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да ги уништи, така кажуваат дека не сакаат да ги уништи. Така да ги најдеме формулациите коишто ќе го дадат решението“, изјави Заев.

Според него, сѐ што може да биде индиција за криминал треба да се користи.

„Слушнат глас, разговор снимен или што било треба да се користи. Јас немам проблем да разговарам на такви теми. На крајот сето тоа е индиции. Ако постојат индиции за кривично дело, криминал или корупција или што било, секако треба тоа нашиот систем да го користи, секаде во светот се користи, така што немам предрасуди. Ако алудираат на тоа што е соопштено преку италијанските медиуми, да, треба да се користи. Ако нешто друго излезе, да, треба да се користи за кого било, посебно за политичарите. Рековме, борбата беше да не се повтори никогаш повеќе, но секако индициите и модерните технологии и општество сѐ повеќе ги вадат на површина, така да каков било криминал не може да се сокрие, вака или онака тој излегува на површина, а истражните органи треба тоа да го користат“, изјави Заев.

Во однос на денешната средба, тој рече дека ќе разговараат и дека постои решение.

„Ќе разговараме денеска на средбата. Постои решение. Што е важно, државата и меѓународната заедница и пријателски земји вложиле во системот. Системот не се само обвинители. Системот се и тие 92 вработени таму, стручни соработници, стручна административна служба, сето тоа е создаден систем. Системот е купените компјутери, архивската граѓа, бироата. Сето тоа е вредност за која што граѓаните дале пари, а помогнале и неколку земји. Верувам дека иднината на целиот систем треба да биде земена предвид. Ќе се изнајдат начини како тоа да се реализира“, изјави Заев.

МИА

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе