Заев: Стојам на располагање со Мицкоски да седнеме за Законот за ЈО, само работните групи да дадат сигнал

Премиерот Зоран Заев вели дека ќе седне на маса со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со Законот за јавно обвинителство, но откако работните групи ќе дадат сигнал до него и до Мицкоски дека има напредок. Тој смета дека навистина не се далеку од постигнување договор и апелира да се вложат повеќе напори во таа насока.

Заев во Берово кажа дека има постојана комуникација меѓу претставници на работните групи и дека била најавена можноста и утре тие да се состанат.

„Верувам дека можеме да направиме напори, навистина не сме многу далеку, само треба да се надминеме себеси посебно во услови кога еве предметите се обезбедени и имаат своја иднина. Дајте да испратиме порака до меѓународните партнери од ЕУ дека навистина како што досега се договаравме со консензус да гласаме во Парламентот за сето она што е поврзано со реформите поврзани со ЕУ и овој закон за јавното обвинителство го договориме. Стојам на располагање целосно. Штом работните групи ќе го дадат сигналот до мене и до Мицкоски и ние да седнеме да го договориме овој закон за јавното обвинителство“, рече Заев. 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе