Премиерот и градоначалникот на Охрид направиле теренска обиколка

Заев: Ставаме крај на хаосот во Охридскиот регион и ги спроведуваме препораките на УНЕСКО

Речиси целосно се расчистени плажите од Пештани до хотел „Метропол“, отстранети се нелегалните платформи, постаменти и ѕидови од најразлични градежни материјали, отстранети се и голем број нелегални одводни цевки и јами од кои се влевале отпадни води директно во Охридското Езеро, рече премиерот Зоран Заев кој заедно со градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски направи увид во активностите за спроведување на препораките на УНЕСКО.

„Денеска сме тука за да ја посведочиме сериозната посветеност на Општина Охрид во исполнување на препораките на УНЕСКО и на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, во делот на уредување и управување со крајбрежјето. Тоа е веќе сосема видливо на терен. Општина Охрид, со силна поддршка на сите надлежни институции од централната власт, покажа волја, капацитет и подготвеност за спроведување на нејзините обврски за отстранување на бесправните градби на плажите“, рече Заев.

Тој потенцира дека е во тек процес со кој се става крај на долгогодишниот хаос, злоупотреби и узурпации на најатрактивната зона од заштитениот појас.

Заев оцени дека интензивно се спроведуваат активности за чистење и уредување на плажите и дека увидел оти е извршено посипување со автохтон песок на неколку локации. 

Градоначалникот на Охрид потенцира дека општината за активностите добива целата поддршка и асистенција.

„Освен препораките на УНЕСКО, зад нашите заложби стои законот, правото и прописите кои задолжително мора да се почитуваат. Како дел од задачите понатаму, што произлегуваат од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, предвидени се активности што се неопходни за обезбедување на одржливиот развој на регионот и за зајакнување на институционалниот капацитет за управување со светското природно и културно наследство“, рече градоначалникот.

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе