„Во директна комуникација со Вучиќ се договоривме дел од нивната набавка на вакцини од производителот „Фајзер" да нѝ бидат отстапени, односно 8.000 вакцини. Вучиќ сакаше тоа да биде нивна донација, но сепак се договоривме вакцините да ги платиме по набавната цена", изјави Заев, нагласувајќи дека тоа е среќна вест.
Премиерот изрази благодарност до северниот сосед.
„Јас сум благодарен и сакам од името на целиот македонски народ да изразам благодарност до Србија. Ова е сериозен чин на пријателство", рече Заев.
Тој рече дека било разговарано и за евентуална набавка на вакцини од другите производители, за што српските власти ќе треба да извршат проверка дали и колку дози би можеле да отстапат.
Деталите околу приемот на вакцините ќе ги договорат министрите за здравство на двете земји, а денеска на оваа тема Заев ќе разговара со премиерката на Србија Ана Брнабиќ и Зоран Зааев.
На прашањето кој ќе има приоритет да се вакцинира со овие вакцини Заев одговори: „ Како и што личи, за нашите херои, здравствените работници од ковид-центрите".
Инаку, денеска во Србија се очекува да пристигнат уште близу 20.000 вакцини од „Фајзер/Бионтек“, покрај првата пратка која пристигна уште во декември. Викендов на аеродромот во Белград пристигнаа и еден милион кинески вакцини, а се очекува деновиве и пратка од руската вакцина „Спутник“.