Заев со видеопорака ги повика граѓаните на нова акција в недела - со пенкало (ВИДЕО)

Претседателот на СДСМ, Зоран Зоран, преку видеообраќање ги повика граѓаните на локалните избори в недела да ги заокружат промените и на локално ниво и да потврдат дека Македонија оди напред, кон пораст и развој.

„Бидете горди и сигурни – Македонија e слободна и слободно живее! И сега, мораме да продолжиме! Промената мора да биде целосна, затоа што на Македонија ѝ треба целосна слобода, економија, правичност и живот во секоја општина.

Вашите барања се јасни и јас ве уверувам дека нашите градоначалници ќе направат сè за да ги исполнат плановите што ги создадоа за вас: децата да бидат згрижени и да учат во топли и пријатни градинки и училишта, граѓаните да се движат по квалитетни и асфалтирани улици и патишта, да има канализација во секоја општина, да има чиста вода за пиење до секој дом, да дишеме чист воздух, затоа што нема слобода и живот без чист воздух, секој да добие навремена услуга во својата општина“, вели Заев во видеопораката.

Тој уверува дека сето ова бргу ќе се оствари, дека е дојдено време на „нова политика“, во која „зборот е збор, а гласот на граѓаните е најважен“.

„Новата политика значи дека преку централната власт силно ќе ги поддржиме општините и граѓаните. Парите мора да одат на локално ниво за да направиме општини по ваша мерка, општини кои работат за вас и кои ве поврзуваат. Затоа, почитувани граѓани на Република Македонија, ајде заеднички во нова акција, в недела, на 15 октомври! Знаеме како треба – со пенкало. Сите да излеземе и да го дадеме својот глас за живот во Македонија и во секоја општина. Ајде да гласаме слободно за да ги завршиме промените што заедно ги донесовме. За да живеат селата и градовите во Македонија! За да живеат граѓаните на Македонија! За да живее нашата убава Македонија“, порачува Заев.

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе