Прво обраќање на премиерот по гласањето

Заев: Со Република Северна Македонија заедно засадивме семе, а тоа е прв чекор до плодна жетва

„Вчера нашата земја напиша историја, сонот станува стварност. Започна спроведувањето на договорот од Преспа за членство во НАТО и ЕУ. Заедно со вас засадивме семе, а тоа е само прв чекор до плодна жетва за која треба работа", истакна денес премиерот Зоран Заев во своето прво обраќање по изгласувањето на уставните измени во Собранието на Република Македонија.

„Сакам да им се заблагодарам на секоја пратеничка и пратеник за оваа одлука. Тешко беше и ја разбирам и горчината и гордоста на секој граѓанин. Горчината ја оставаме во минатото и со гордост гледаме во иднината. Напишавме историја. Ќе пристапиме кон двете најмоќни организации во светот. Сега нашето пристапување во НАТО ќе продолжи со јасен исход. Го очекуваме и почетокот за преговори за членство во НАТО. Оваа одлука им дава сила на нашите млади генерации, ова е одлука со која градиме гордост на нашите нови генерации да ја нарекуваат Македонија свој дом. Оваа е одлука за безбедна и спокојна иднина. Одлука со која нашата Република Северна Македонија е дел од напредниот и правичниот свет", рече премиерот Заев на прес-конференцијата.

Тој дополни дека после големата одлука се разбиени сите дилеми.

„Овие денови заедно со Грција ќе ги отфрлиме изолацијата и недоразбирањата. Убеден суд дека и пратениците во грчкиот Парламент ќе ја препознаат нивната улога. И силно верувам дека и грчкиот Парламент ќе го прифати договорот од Преспа. Со решавањето на спорот со Грција нема веќе отворени прашања. Презедовме одговорност и покажавме капацитет да решаваме, а не да одлагаме. Ќе го почекаме исходот од грчкиот Парламент. Белите страници на нашата иднина ќе ги пишуваме заеднички. Заедно со вас ја подготвивме почвата и засадивме семе, но тоа е само прв чекор до плодна жетва", рече премиерот Заев.

Премиерот порача дека сега треба работа дома, многу работа и дека шансата која е создадена е во наши раце. Дополни дека со ова треба да обезбедиме подобар живот за сите граѓани, подобар здравствен систем, правен систем со доверба, поголеми плати, а граѓаните избраа иднина, ЕУ и НАТО.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе