Заев со порака за обединување: 27 април е аларм, повикувам да продолжиме напред

Премиерот Зоран Заев, денеска на двегодишнината од настаните во Собранието упати порака за обединување по сите основи и повикувам да се продолжи напред.

„Заедно ја поставивме државата на правиот пат. Нашата држава е, и ќе биде среќен дом за сите граѓани. И од овој пат, назад нема.

Но, мораме да сме свесни за значењето на секоја наша индивидуална одлука. Затоа што, предизвици секогаш има, а од нашата решителност и од исправноста на нашите одлуки зависи и сопствената иднина и иднината на нашите деца и иднината на државата. 

Денешниот датум, 27 април е аларм кон што водат политиките на поделби и политиките на водење сметка само за лични интереси. На овој ден си ја спасивме земјата од злите намери на алчноста за власт. На овој ден, во домот на граѓаните ја одбранивме демократијата и застанавме на патот на автократијата. 

27 април потсетува и на нашата обврска, да не дозволиме никогаш да се повтори газењето врз човековите права и слободи. 27 април потсетува на нашата одгворност, крвта пролеана за да се запре злото, да ја замениме со граѓански глас кој повикува да одиме напред”, вели Заев. 

Според него, ова се времиња кога заедништвото и прогресот се единствената опција која и носи добро на земјата.

 „Сега е потребно секој да ја извади решителноста од себе и да постапи совесно, за доброто на своите деца и за добрата иднина на родната земја”, додаде Заев.

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе