„Мора да се разговара“

Заев со понуда до oпозицијата: Ајде заедно да направиме влада

Нудиме соработка од секој можен аспект. Сè што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна за да разговарате. Првпат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт на Владата со опозицијата, изјави премиерот Зоран Заев.

„Сакам да отворам дебата за заедничка власт и влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, со господинот Мицковски не се разговара. Или, ако кај нив има разумен човек, а кај нас нема, нека го тргнат и Заев, само двете партии да можат да разговараат. Мораме да го здружиме нашиот народ, зашто тоа ни е потребно, го знаат и тие, а го знам и јас – премногу ни е поделен народот“, изјави Заев во интервју за Слободен печат.

Тој истакна дека е потребно да се департизира администрацијата, а тоа според него е можно ако двете страни се внатре. Како што рече, клиентелизмот во судството и во администрацијата ќе исчезне.

„Ова е дел од новата политика, која треба да ја поминам и во СДСМ, а мислам дека имам почит во органите и телата затоа што ова е важно за државата. Да нема забуни, не станува збор за техничка влада. Но само ако има човек со кого може да се разговара“, додава Заев.

Посочи дека е отворена можноста, но сѐ зависи колку луѓето се спремни на таков чекор.

„Затоа велам ајде да влеземе сите, ја отворам првпат оваа можност. Но сè е до луѓето дали се подготвени за тоа. Се обидов на секој начин, кажав дека со Груевски можев да најдам решение, но со Мицковски не можам. Не знам што друго да направам! Еве сега го отворам и ова, иако имам мандат до 2024, но и во вакави околкности отворам можност да дебатираме. Кога сакаат тогаш, од утре, по локалните, кога се спремни сите – тогаш“, рече Заев.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе