Заев: Со пенкало турнавме режим, со пенкало добивме кандидатски статус

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција по потпишувањето на поканата за влез во НАТО, го бакна пенкалото што го доби од генералниот секретар Јенс Столтенберг, како симбол на успесите на Владата. 

„Ви реков дека ќе падне режимот? Падна режимот? Рековме дека ќе бидеме 30. членка на НАТО? Станавме 30. членка на НАТО. Пенкалото нè движи сите нас. Со пенкало турнавме режим и со пенкало добивме кандидатски статус. Ни под точка разно не размислувам дека нема да успее референдумот”, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање што ако референдумот за промена на името не успее.

Тој, исто така кажа дека жали што претседателот Ѓорге Иванов не е дел од делегацијата на Македонија во НАТО. Од Иванов, како што рече Заев, не добиле ништо, ниту каква било порака, ниту честитка за поканата на НАТО.

„Ние мораме да ја прифатиме одлуката на граѓаните, каква и да е. Оваа прилика уште еднаш ќе ја искористам да ги повикам да се приклучат сите да им помогнеме на граѓаните, да бидеме ветар во нивниот грб. Со пенкало, само така ѝ личи на Македонија. Иднината на Македонија ќе биде обезбедена пред сѐ од нас”, рече тој.

Заев повтори дека е убеден дека огромно мнозинство од граѓаните ќе излезат на референдумот и дека ќе биде исполнет цензусот. Исто така, кажа дека и Грците ќе го поддржат договорот. „Верувам дека и Грција ќе го заврши својот дел од договорот. Правиме голем чекор и Грција прави голем чекор. Договорот е правичен и знам дека ќе донесе само бенефит, прогрес и просперитет и за двете земји и за нивните граѓани. Убеден сум дека не ни требаат 5 или 10 години, туку за неколку меесеци граѓаните ќе почувствуваат корист од договорот“, изјави Заев.

 

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе

А кои се играчите на игрите на среќа? Во огромен број тоа се токму оние лица со просечни примања и пензионери

повеќе