На маргините на Генералното собрание на ОН

Заев со Мамадиаров разговараше за укинување на визите со Азербејџан и за економска соработка

Премиерот Зоран Заев, на маргините на 74-тото Генерално собрание на ОН, се сретна со шефот на делегацијата и министер за надворешни работи на Азербејџан, Елмар Мамадиаров со кого изразиле заедничко задоволство од односите меѓу двете земји исполнети со пријателски односи и разбирање.

Заев на средбата изразил поддршка за реформите и дијалогот што Азербејџан го остварува во рамките на Акцискиот план за партнерство со НАТО, како и за определбата на Азербејџан да постигне заеднички политички приоритети со Европската Унија.

Заев ја нагласил и подготвеноста на Владата на Северна Македонија да ги поддржи идеите за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, особено во енергетиката со Азербејџан како земја која е партнер на Транс-јадранскиот гасовод (TAP-Trans-Adriatic Pipeline). 

Една од првите мерки во таа насока е укинувањето на визите за граѓаните на Азербејџан во наредниот период. Во блиска иднина се очекува да започнат преговорите на двете земји за целосно укинување на визите за куси престои за граѓаните на двете земји.

На средбата Заев бил придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

 

 

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе