Заев со коалициските партнери: Поддршка за барање решение по бугарското вето

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со претседателите и претставници на сите партии членки на владината коалиција, на која беше изразена посветеноста на реформите во интерес на сите граѓани и реализирање на зацртаните цели во владината Програмата и искажана силна поддршка за продолжување на напорите за изнаоѓање решенија во однос на бугарското вето, со цел земјата да продолжи по европскиот пат.

Како што соопшти владината Прес-служба, на средбата Заев им се заблагодарил на коалициските партнери за нивниот придонес во Владата и во Собранието, во интерес на граѓаните и иднината на државата, но и во процесот на креирање политики за помош на граѓаните и стопанството, особено во периодот со ковид пандемијата.

Коалициските партии во Владата на средбата разговараа за сите економски планови и проекти, за реализација на мерките за заживување на економијата, како и за проектите кои следуваат за реализација во наредната 2021 година.

„Заеднички беше оценето дека Владата останува посветена на реформите во интерес на сите граѓани и реализирање на зацртаните цели во Програмата. Силна поддршка владините партнери дадоа и за продолжување на напорите за изнаоѓање решенија во однос на ветото од Република Бугарија и беше заклучено дека земјава треба да продолжи по европскиот пат, затоа што нашата иднина е европска иднина“, се вели во соопштението.

Заев порачал дека остануваат посветени на барањето решение со соседна Бугарија. Решение кое гарантира почеток на преговори со ЕУ, а никако не задира во македонскиот идентитет, ниту идентитетот на кој било народ или етничка заедница. „Тука сметаме и на силната поддршка на нашите сојузници во ЕУ, особено Германија, како и САД кои се посветени нашата држава да продолжи по европскиот пат и почнување на преговорите со Унијата. Во оваа прилика уште еднаш сакам да потенцирам, бидејќи ова е една широка, мултиетничка коалиција, мене како премиер но пред сé како човек, многу ми значи поддршката од сите, вашата поддршка но и поддршката буквално сите етнички заедници, претставени од партиите во оваа наша коалиција“, потенцира премиерот Заев.

Говорејќи за состојбата со коронавирусот, сериозноста на ситуацијата со есенскиот бран, коалициските партнери ги потврдиле и ги реафирмирале заложбите на Владата за брзо и ефикасно дејствување во санирање на економските и здравствените последици.

Заев исто така ги сумирал активностите во овој период и најави дел од следните чекори на владата за заштита на здравјето на граѓаните и помош за економијата.

„Го реализиравме заемот кај Светска банка кој обезбеди средства за изградба на 16 модуларни болници, ковид-центри во 16 градови. Донесовме ребаланс на Буџетот за 2020 година со што обезбедивме средства за реализација на четвртиот пакет економски мерки во вредност од 470 милиони евра, пари кои завршуваат назад во економијата, назад кај граѓаните“, рекол Заев.

На средбата министерот за здравство Венко Филипче информирал за вакцината и потпишувањето на нашата земја во Ковакс механизмот, преку Светска здравствена организација за рамномерна распределба на вакцините во сите земји.

„Обезбедивме 833 илјади дози за 400 илјади граѓани кои два пати ќе се вакцинираат во текот на месец март. Сите вакцини кои се дел од Ковакс системот се со докажани добри ефекти и соодветна количина на антитела“, информирал Филипче.

Сите коалициски партнери ја поддржале определбата на Владата за продолжување на реформите и постигнување на европските стандарди дома, кои обезбедуваат унапредување на судскиот систем, раст и развој на економијата и повисок животен стандард.

 

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе