По средбата со грчкиот премиер во Софија

Заев: Со Ципрас прифативме една опција, следуваат консултации во двете земји

На денешната средба со премиерот Алексис Ципрас, пријател на Македонија, заеднички се согласивме за напредокот што е направен досега во процесот на изнаоѓање решение за спорот околу името.

„Заедно со Ципрас го констатиравме напредокот и разгледувавме можни опции за креативно решение кое македонската стрaна го презентираше во последната фаза на преговори. Сега следуваат консултации со релевантните политички фактори во двете земји“, изјви премиерот Зоран Заев на крајот од учеството на самитот во Софија.
 
Според Заев, од денес пријателството меѓу Македонија и Грција е дури и посилно бидејќи се решава спор со цел да се зајакне дигнитетот и идентитетот на граѓаните во двете земји.

Заев појасни дека со Ципрас ги потврдиле сите успеси што ги постигнале министрите за надворешни работи. 

Но, на прашањето дали може да се одложи решението за наесен, рече:

„Не дај боже, ама ако нема решение, ќе се одложи. Би било убаво решението да биде сега. Ако не, продолжуваме. Сепак, се надевам дека пред самитот во јуни ќе има решение”, рече Заев.

За овие прашања зборувал и со францускиот претседател Емануел Макрон и со германската канцеларка Ангела Меркел, кои го препознале лидерството што го демонстрира Македонија и дале поддршка за зајакнување на односите меѓу Македонија и ЕУ. 

Заев кажа дека после 15 години Западниот Балкан и Македонија повторно се најдоа на европската сцена, а на домашен план „заробената” држава и 25-годишен спор за името беа најголемите проблеми кои ја влечеа Македонија назад.

„Денес се соочуваме со нив и Македонија и нејзините граѓани одат напред. Заедно ја обележавме 2018 како година на силни реформи и ја носиме Европа во Македонија”, изјави Заев.

Веднаш по прес-конференцијата Заев замина за Скопје на средба со британската премиерка Тереза Меј.

  

За МКД.мк од Софија
Жана П. Божиновска

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе