Пред инаугурацијата

Заев со честитка за Пендаровски: Добивме лидер кој се приклучува во водството напред

Премиерот Зоран Заев денеска испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски во која што напиша дека земјава со Пендаровски добива лидер кој се приклучува во водството напред.

Заев му изразува поддршка на Пендаровски и најавува дека заеднички ги чека многу работа, а одговорноста е голема.

„Денеска нашата земја добива претседател, тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денеска Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот”, пишува во честитката.

Заев уште додава дека граѓаните потврдија дека мора да се продолжи напред, преку заедништво.

„Драг Стево, нека е честито. Успеавме. Граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава. Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе, и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, пишува Заев. 

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе