Заврши Евровизија

Заев со честитка до Тамара: Скапоцени се овие моменти на единство

Премиерот Зоран Заев синоќа на својот Фејсбук профил ѝ честиташе на нашата претставничка Тамара Тодевска, која го освои осмото место на финалето на Евровизија во Тел Авив.

„Честитки Тамара, честитки #TeamTamara. Скапоцени се овие моменти на единство кои ни ги донесовте преку музиката. Одамна не сме биле олку горди“, напиша Заев на Фејсбук.

Тој претходно на Фејсбук ги повика пријателите во Европа да гласаат за нашата претставничка.

Тамара Тодевска со осмото место го освои највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија.

 

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе