Заев: Со БЕСА првпат вистински формиравме мултиетничка коалиција

Да бидеме во коалиција со БЕСА пресудна беше програмата, но и заедничката тенденција да го збогатуваме и зголемуваме концептот едно општество за сите, одгoвори лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска во Велес на новинарско прашање, зошто се во коалиција токму со оваа политичка партија на Албанците.

„Првпат историски поставивме мултиетничка коалиција за изборите.Сега се учесници партии ,репрезенти на сите етнички заедници буквално на сите, никој тоа досега не го направи во државата. Преговаравме и договаравме, ја усогласивме програмата и денeска имаме заедничка програма којашто се вика „Можеме" и зад која стоиме сите и имаме еден чесен пристап кон граѓаните уште пред изборите, а не после изборите да се прават коалиции меѓу македонски, албански, турски, влашки, бошњачки и сите други партии. Затоа верувам дека граѓаните сето тоа посебно ќе го почитуваат“, нагласи Заев.

Тој очекува на изборите на да освојат доволно пратенички мандати за парламентарно мнозинство и за формирање влада, но не исклучува разговори и со други кои ќе добијат доверба од граѓаните.

„Ќе разговараме со сите, согласно одлуката на граѓаните како ќе не распоредат по мандати. Јас сум убеден по тоа што го гледам по истражувањата и на теренот и тоа што го гледам за прифатливост на програмата и нашите кандидати од Велес секако и во сите градови и села од државата дека ќе добиеме солидно мнозинство, што многу отскокнува од ВМРО-ДПМНЕ. Јас кажав некои бројки, тоа се одлични бројки кои ќе ни дадат можност да не бидеме уценувани од никој туку на партнерски начин да изградиме парламентарно мнозинство кое ќе им служи на граѓаните“, потенцира Заев од Велес.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе