Државата мора да води грижа за колективното здравје

Заев: Сите вакцини се здрави и се потврдени секаде низ светот

Секој има право да избере дали ќе се вакцинира или не. Но, државата мора да води грижа за колективното здравје, изјави денеска премиерот Зоран Заев, на новинарско прашањет во однос на новите рестрикции кој ќе почнат да се применуват од утре.

„Ако јас одлучам да не ја примам вакцината и сепак влегувам во простор кој што е повеќе од 30 луѓе ги ризикувам сите останати 29 луѓе да бидат заразени од мене. Грижата на државата е во колективното здравје. Апелирам да се вакцинираме затоа што тоа е единствениот начин засега да ја победиме пандемијата и да се вратиме на нормалниот живот. Вакцините сите се здрави и се потврдени секаде низ светот. Америка веќе почна со давање на третата доза на тие со намален имунитет. Ги следиме меѓународните експертски поставености околу вакцинирањето и дефинитивно треба да се однесуваме како останатиот дел од свето“т, изјави премиерот Заев, при увидот на активностите за реконструкцијата на патниот правец Кривогаштани-Житоше

Воедно, премиерот истакна дека државата има доволна количина на вакцини.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе