Премиерот како одговор на прозивките од опозицијата

Заев: Сите сугестии ги разгледуваме, но Попис мора да спроведеме

„Во лето знаеме дека попис не се спроведува, во септември ќе има изборна кампања, октомври пак, е изборен период за локалните избори. Да одложевме за месец или месец и пол па да завршевме некаде до средината на јуни, но гледам опозицијата и тоа го одби, така што ја испраќам пораката да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот", изјави премиерот Зоран Заев. Тој рече дека Пописот ќе биде спроведен според сите стандарди на Евростат и дека нема место за сомнеж.

„Сакам да испратам порака да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот. Наша должност е да се попишеме сите, законот тоа го предвидува, тоа е исто така меѓународна пракса и апелирам вклучување на најголемата опозициска партија во оваа одговорна операција, затоа што последиците од било какви девијантни појави што може да се јават преку неодговорно однесување, може да бидат непоправливи.

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев на прашањето дали е можен компромис со опозицијата.

Тој нагласи дека Македонија е една од ретките држави во светото каде попис нема 20 години, но рече дека сите сугестии се разгледуваат.

„Најголемата опозициона партија не го поддржа Законот за попис. Граѓаните треба да знаат дека при отворање на прифатен амандман значи бесконечно отворање и блокирање на законот за попис. Сугестиите што дојдоа се обидовме најдобронамерно да ги прифатиме и да можеме да ги вградиме, како што се отпечатоците од прст. Сериозно се разгледуваат сите други сугестии што беа дадени, како што е електронски попис, но електронски попис не дава одговор на постоење на информации во базите на податоци за верска определба, за етничка определба, за податоци за нашите граѓани од дијаспората односно нерезидентни сите тие кои се повеќе од една година надвор од државата, како што е вкупен број на семејството и други податоци", рече Заев.

За предлогот на претседателот Стево Пендаровски пописот да се одложи за мај или јуни, рече оти се е вредно за размислување.

„Летото знаеме дека попис не се спроведува.Во септември ќе има изборна кампања, октомври пак, е изборен период за локалните избори. И да размислиме за месец дена, месец и пол, да завршиме некаде до средината на јуни, веќе гледам опозицијата и тоа го одби, така што, ја испраќам пораката да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот", рече Заев.

Пописот, продолжи премиерот, е согласно сите стандарди на Евростат и сите меѓународни стандарди на пописот.

„Дел од базите што се неопходни за оваа статистичка операција се присутни во државата и ги имаме. Дел електронските бази ќе се користат за споредба на теренските проверки што ќе ги правиме за да може да се споредат. Дел не постојат никакви бази како што напоменав неколку информации и ќе мора теренски да се спроведат. Секако тоа ќе биде согласно сите здравствени протоколи. Најмалку што можеме да направиме за земјава во поглед на ова прашање е да бидеме одговорни сите", рече Заев.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе