Од собраниската говорница

Заев: Системот функционираше, затоа на Мијалков не му исплатеше да избега

Се покажа дека системот може да биде ставен во функција со почитување на сите закони и кога секој си ја работи својата работа, тогаш никому не му се исплати да бега од одговорноста и да ја напупшта државата или да се сокрие. Затоа Мијалков се предаде, заради тоа што нема начин како да се исплати самото бегство, изјави премиерот Зоран Заев од собраниската говорница одговарајќи на пратеничко прашање.

Пратенкот Александар Николоски го праша премиерoт - доколку Сашо Мијалков не избегал од државата, иако како што рече, ВМРО-ДПМНЕ има информации дека бил избеган на север, тогаш треба да се даде одговор каде бил, ако не бил во својот дом, и дали таму каде што бил е извршен претрес. Доколку пак не бил во земјава, како Мијалков ја напуштил границата и како повторно, нелегално се вратил, праша Николоски.

Заев најпрво во својот одговор рече дека е неодговорно да се тврди дека Мијалков бил надвор од земјата и притоа и да се поставува прашање кога излегол, кога влегол каде бил.

„Сите докази кои се на располагање укажуваат дека Мијалков во неделата излегол од 'Мериот', кусо време е во придружба на женско лице околу хотелот, попладнето оди кон својот дом. До доставувањето на судското решение тој веројатно се засолнил во некој од соседните објекти или во соседно маало. Тоа што е јасно е дека тој е тука. И во однос на тврдењата за некаков договор со власта, ете - излезе дека не е така. Мијалков е во домашен притвор. Реков дека ќе има одговорност ако не го најдеме. Но, каде е одговорноста на опозицијата за нејзините тврдења за тајни договори? Правосудството успеа да го финишира и овој процес, рече Заев.

На довикувањата од пратеничките клупи кога се дофрлаше дека не е така и дека имало таен договор, Заев реагираше.

„Ви беше страв и да му го изговорите името на Мијалков, мили ви беа функциите. И сега требало власта да сноси одговорност, не вие. Па, можеби сте го сокриле во 'белиот дворец', можеби“, рече Заев.

Се покажа, рече, дека може системот да биде ставен во функција, почитувајќи ги сите закони, секој да ја одработи својата работа па никому да не му се исплати да бега од одговорноста, да ја напупшта државата или да се крие.

„Затоа Мијалков се предаде, заради тоа што нема начин како да се исплати или реализира самото бегство. Уште еднаш тврдам дека во мала земја како нас, посебно за некој што бил директор на УБК долги години, не е тешко да слушне дека некој побарал притвор, за да може да се крие 40 часа. Четириесет часа може и некој ситен џепарош, криминалец да се скрие, ама тој ќе биде пронајден ако системот функционира", рече  Заев.

Земјата е на добар пат во јакнење на правниот систем, владеењето на правото, во истакнувањето на вредноста на секој судија и обивнител, што суди исклучиво по Устав, закон и сопствено убедување и никако поинаку. Очекувам ефикасност, поголема организација и во обвинителството и во судството,зголемена транспарентност, посебно за предметите каде јавноста е заинтересирана. Денеска најголем контролор над севкупното работење е нашиот народ, одговори Заев и на прашањето од пратеникот Миле Талески до каде се реформите во правосудниот систем.

Заев рече дека работа на судиите и на обвинителите е да ја зголемат својата ефикасност, бидејќи тоа од нив сите го очекуваат, но дека тие притоа не должат никому ништо и дека треба да работат само согласно на законите и правдата да биде еднаква за сите.

„Со реформите конечна цел е создавање услови за целосно манифестирање на интегритетот на судиите, а потребна е нивна целосна самостојност, независност, како и на сите други институции од правосудниот систем, потенцира Заев, додавајќи дека без владеење на правото и без правен систем во кој се има доверба, тешко дека успешно ќе ги спроведеме сите други реформи, барем онака како што ги посакуваме.

Од досегашните реформи, посочи Заев, резултат е последниот случај со Сашо Мијалков.

„Треба да знаат нашите граѓани дека по 11 години окупирана држава со индиции за украдени стотици и стотици милиони евра, не е лесно во ваков систем на земја да се стане полноправна членка на ЕУ, односно следниот чекор да биде отворање на поглавјата за преговори. Да ја сочекаме завршницата на крупните случаи што се симбол на борбата против криминалот и корупцијата. Еден дел се веќе завршени со правосилни судски пресуди, еден ден се пресудени на прв степен, еден дел се пред соопштување на пресуда, како што е еден од најважнните случаи Таргет-тврдина. Веројатно тоа беше причината зошто еден од обвинетите во тој случај Сашо Мијалков се впушти во бегство", изјави Заев.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе