Предвремени локални избори

Заев: Штип останува во сигурни раце, Сашко Николов е новиот градоначалник

Срцето на македонскиот Исток останува во сигурни раце. Доктор Сашко Николов е новиот градоначалник на Штип, рече премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во вечерашното обраќање во Штип по предвремени парламентарни избори за градоначалник.

„Имавме успешен победнички ден, на фер, слободни, демократски и најважно од се, безбедни  избори за здравјето. Вечерва победи Штип и желбата да продолжи развојот“, рече Заев.

Тој им се заблагодари на штипјани што, како што рече, покажале чувство и свест за својот град и општина да продолжи да се развива.

„Граѓаните на Штип денеска испратија порака и до бојкотирачот, блокирачот кој  повторно избега од својот народ. Граѓаните го казнија неодговорното однесување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ кон Штип и центарот на македонскиот исток. Кажаа ‘да‘ за напредокот на Штип, „да‘ за грижа, одговорност и  стабилност, ‘не‘  за блокадите, за бојкотот, за лаги стравови и хистерии. Не дозволува овој наш народ блокади, кочења и уништувања“, рече Заев.

Николов, исто така, изрази благодарност што во време на пандемија, како што рече, Штип и штипјани покажале демократија, општествена одговорност и дека ќе продолжи по европскиот пат.

Николов додаде и дека и покрај опструкциите кои ги имале во предизборниот период од страна на ВМРО-ДПМНЕ, сепак извојувале победа. Сега, како што кажа, има обврска да обезбеди рамноправност, грижа и поддршка за секој граѓанин.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, рече дека граѓаните покажале сериозност и одговорност, а со тоа, му овозможиле на градот да продолжи модерниот и европски пат.

Според него, расте поддршката на СДСМ во источниот дел од Македонија. Тој додаде дека без притисоци, закани и уцени, со понуда и одличен кандидат, граѓаните застанаа на европскиот пат.

„Покажавме дека можеме да направиме пресврт во истокот, со капитални инвестиции, враќање на парите кај граѓаните, проекти, политики кои ги преземаме во овој период. Затоа расте поддршката за СДСМ. Истокот е веќе бастион на социјалдемократијата и треба да сме горди на тоа, да го продолжиме тој пат. Без притисоци, закани, уцени, како во едно режимско време, покажавме дека со добра волја, одлична програма, понуда и одличен кандидат, граѓаните застанаа на овој европски пат. Верувам дека Сашко Николов ќе ги продолжи сите овие дела, а програмата ќе биде реализирана во следниот период“, додаде Николовски.

 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе