Премиерот со сличен коментар како шефот на дипломатијата

Заев: Шпекулација е веста дека САД го одбиле Фрчкоски за амбасадор

Премиерот Зоран Заев денеска, во изјава за новинарите, рече дека е шпекулација веста што ја објави МКД.мк дека од САД не била дадена согласност амбасадор на Македонија во Вашингтон да биде професорот Љубомир Фрчкоски. Ниту јас, ниту Владата, некогаш сме коментирале за поставувањето амбасадори сѐ додека не завршиле сите процедури, рече Заев.

„Ниту Владата, ниту друга институција, не коментира за именувањето на амбасадори додека не завршат постапките. Така било и во случај на именување на конзули, а не пак за амбасадори. Во однос на амбасадорите, прво се носат одлуки на Влада, па се добива агреман од претседателот на државата, па потоа агреман од земјата домаќин“, рече Заев како одговор на новинарско прашање како ја коментира веста која синоќа ја објави МКД.мк според која Вашингтон изразил определени резерви во врска со Фрчкоски и оттаму не била дадена согласност за негово поставување за амбасадор на Македонија во САД,

Претходно и министерот за надворешни работи Бујар Османи ја оцени веста како шпекулација, но ниту потврди ниту демантираше на прашањето дали Фрчкоски бил предлог на Владата за амбасадор во САД, имајќи предвид дека и минатиот месец таквата вест во медиумите не беше демантирана од Владата, а во исто време на Фрчкоски му беа упатувани честитки, кои ниту тој самиот не ги отфрли како неосновани.

 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе