Тој на денешната прес-конференција за време на презентација на проектот за реновирање на Универзалната сала изјави дека дава поддршка на секој успешен градоначалник, а таква е ситуацијата со Шилегов.
„Давам поддршка на секој успешен градоначалник. Но, процедурите во СДСМ се јасни, и мора да се почитуваат“, рече Заев.
Тој додаде дека кандидатурата мора да ги помине сите партиски филтри, а самиот има само пофални зборови за Шилегов.
„Тој е мој фаворит, го немам ни прашано дали ќе се кандидира, но за мене е фаворит. За успесите за сите проекти да се изнајдат средства со сите ограничувања и во време на пандемија, и да се испорачаат сите овие успеси е вредно за големо внимание и поддршка. Нашите постапки за избор на кандидати се во лето. јуни, јули, август, а крај на септември е кампања. Секако, ќе дадам поддршка на секој успешен градоначалник, вкчлучително и на Шилегов, но постапките во СДСМ се отворени и демократски. Инаку, јас гласам во Струмица, граѓаните на Скопје треба преку истражувачки методи да изразат поддршка за нашите кандидати, да имаме привлечни кандидати за граѓаните да дадат поддршка“, рече Заев.