Заев: Шансите да ја добиеме долго очекуваната позитивна одлука за почеток на преговорите со ЕУ се реални

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се обратија на работниот состанок на Амбасадорскиот совет, што во организација на МНР се одржува во Клубот на пратениците во Скопје.

На состанокот на тема „ЕУ перспективата на Република Северна Македонија" во пресрет на Советот на ЕУ во октомври", премиерот Заев пред присутните амбасадори и вршители на работи од дипломатските и конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, изразил очекување дека ЕУ ќе ги вреднува постигнатите резултати на земјава, на внатрешен и надворешен план и по системот на заслуги и ќе донесе позитивна одлука за почеток на преговорите на нашата земја со Унијата.

Заев им порачал на присутните "да продолжиме да градиме пријателства" и секој да вложи максимални напори во историските позитивни промени што се случуваат во и за нашата држава.

 Шансите да ја добиеме долго очекуваната позитивна одлука за почеток на преговорите со ЕУ се реални, а тоа ќе биде силна мотивација за граѓаните, институциите и за државата да продолжат да чекорат напред кон современиот свет. Бенефитите за граѓаните од интеграцискиот процес со НАТО и придвижувањата во европските интеграции веќе се чувствуваат, имаме добри економски резултати и тие само ќе се зголемуваат. Политиките на соработка со соседите на надворешен план и со опозицијата на внатрешен план исто така даваат резултати и ние како Влада, и покрај позитивниот Извештај од ЕУ за спроведените реформи, ќе продолжиме да даваме нови аргументи дека како држава и како граѓани нашето место е во ЕУ и во НАТО. Како Влада, ги создадовме сите услови за функционирање на правната држава и очекуваме ефикасна правосудна разврска на сите случаи поврзани со сомневања за корупција, вклучително и на актуелниот случај, бидејќи со прашањето за справување со корупцијата се соочува целиот современ свет и она што е најважно е дали и како државата може да се справи со таквите појави. Исто така очекувам со двотретинско мнозинство да биде изгласан и Законот за јавно обвинителство, за што се водат посветени разговори со опозицијата, да се обезбеди потребниот консензус. Затоа апелирам за внимателност, стручност и посветеност во една од најважните години за перспективите на Република Северна Македонија", рекол меѓу другото, премиерот Заев, соопшти владината прес-служба.

На состанокот се обратиле и вицепремиерот Османи и домаќинот, шефот на дипломатијата, Никола Димитров, посочувајќи на одлуката за почеток на пристапните преговори на нашата држава со ЕУ, како клучен приоритет во евроинтеграцискиот процес.

Вицепремиерот Османи, во разговорите со присутните потсетил на Извештајот на Европската Комисија во кој се потенцирани постигнатите резултати, особено високиот степен на имплементација на реформите од плановите 18 и 369, вклучително и на напредокот постигнат во клучните реформски области, дефинитивни во заклучоците на Европскиот совет.

„Имаме признаен напредок којшто покажува дека заслужуваме и јасна оценка дека сме подготвени за старт на преговорите, но таа оценка мора да ја пренесеме до секоја земја членка, до секоја метропола на ЕУ и да ги убедиме сите, со цел да ѝ го обезбедиме на земјава потребниот консензус за напредок во европските интеграции“, нагласил Османи.

 Министерот Димитров, пак, повикал на максимална координација и посветеност во последните месец и половина до Советот на ЕУ.

„Да ја искористиме оваа историска шанса и да имаме заеднички успех со ЕУ во октомври, кога од Советот на ЕУ очекуваме да добиеме одлука за датум за почеток на преговорите. Натамошните резултати во реформите на домашен план, до Советот на ЕУ на 15. октомври се дополнителен придонес кон позитивен исход за Република Северна Македонија и отпочнување на очекуваниот преговарачки процес со ЕУ“, рекол меѓу другото Димитров.

На работниот состанок, стои во соопштението, говореле и присутните амбасадори и вршители на работи од дипломатските и конзуларните претставништва на Северна Македонија со кои се разменети мислења за актуелни политички прашања.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе