За случајот „Рекет“

Заев: Секој што се инволвирал ќе си сноси одговорност

Премиерот Зоран Заев уште еднаш се огласи за аферата „Рекет“ и на неговиот Фејсбук профил напиша дека верува во транспарентни истраги, во многу прецизни и брзи истраги, посебно за вакви случаи.

„Јас, уште еднаш напоменувам, сум човекот којшто го пријави овој случај. Да не биде тоа заборавено. Денеска оваа политичка гарнитура, преку извршната власт, создаде услови правосудството, Јавното обвинителство, непречено да работи, без разлика дали некој бил газда на медиум којшто ја поддржувал власта. Денеска тој е во притвор.

Во сите земји коишто создавале услови да владее правото, органите на прогонот да си ја вршат работата, никаде не било лесно, секаде било трауматично. И кај нас не е лесно, и е трауматично. Но, така ќе бидеме правна држава и држава која што сите ја посакуваме.

Дојдов благодарение на гласот на граѓаните, борејќи се и за слобода и за демократија и за правна држава и за владеење на правото и за нормална земја. Ќе се бориме до крај затоа што секој што се инволвирал, секако ќе си носи одговорност“, напиша Заев.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе