Бизнис форум во Подгорица

Заев: Се што работиме како политичари го правиме за квалитетен живот на граѓаните

Сe што работиме како политичари го правиме за економијата, заради бизнисот, трговијата, заради нови работни места, за раст на БДП, заради извозот, што на крајот претставува квалитет на живот на нашите граѓани, рече премиерот Зоран Заев во обраќањето пред црногорски и стопанственици од нашата земја на Бизнис форумот во Подгорица организиран од стопанските комори на двете земји, што се одржа како дел од програмата на неговата официјална посета на Црна Гора.

„Ние сме денеска првпат овде присутни со нашето ново име, Северна Македонија заради тоа што направивме одлично пријателство со нашиот јужен сосед Грција заради единствената цел да изградиме пријателство и да отвориме економски перспективи“, рече премиерот Заев во своето обраќање.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев додаде дека нашата земја ќе го следи искуството на Црна Гора во пристапувањето во НАТО и ЕУ и изрази благодарност до Подгорица за брзата ратификација на протоколот за наше членство во Алијансата, со што, рече, ги охрабри сите други земји членки со брзо темпо да започнат процес на ратификација.

„Нашите очекувања се дека на почетокот на декември во Лондон на НАТО Самитот ќе имаме полноправно членство. Членството во НАТО, знаете вие во Црна Гора, а ние веќе во Северна Македонија чувствуваме носи економија и траен мир, стабилност и сигурност и безбедност, нешто што е важно за сите бизнисмени како минимум услов за развој на бизнисот. Во такви околности, како земја кандидат, со испорачана покана и 13 ратификации ние во нашата земја почнавме да ги кршиме сите економски рекорди од независноста до сега. Странските инвестиции се 625 милиони евра, најдобрата година беше 2011 со 340 милиони евра, што значи дупло повеќе од најдобрата година. Ова покажува колку е значајна безбедноста и стабилноста за економијата, а со нашето членство во НАТО ја зајакнуваме безбедноста и стабилноста и во целиот регион", истакна Заев.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе