Предвремени парламентарни избори

Заев: Се распаѓа лажниот патриотизам на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ

Времето на национализам и лажен патриотизам е завршено. Најголем патриот е оној кој носи храбри одлуки за иднината. Стратешката цел за членството во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ ја остваривме. Во преговарачката рамка не случајно е напишано сите акти да се преведат на македонски јазик, на македонски не на северџански, како што оние од ВМРО-ДПМНЕ ни го навредуваат јазикот, изјави Зоран Заев на трибината на коалицијата „Можеме“ на универзитетот ФОН во Скопје.

„Прво тоа е признавање, по не знам кој пат од ЕУ на нашиот македонски јазик. Чест и почит за албанскиот, турскиот, ромскиот јазик и другите наши јазици, коишто никојпат не биле оспорени, но нашиот го оспоруваа во минатото. Сега е признаен од ЕУ и од сите земји членки на ЕУ. Прв чекор од ЕУ за официјализирање на нашиот македонски јазик да биде еден од официјалните јазици на ЕУ. Е има ли поголемо и поубаво патриотско чувство како Македонец, а не како тие лажните патриоти што се чукаат во градите“, рече претседателот на СДСМ.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема што да им понудат на граѓаните освен стиропор патриотизам бидејќи тие се партијата која 11 години ја урнисуваше економијата, ги крадеше парите од граѓаните и ја уназадуваше државата на секое поле.

„Не може повеќе да продаваат лажен патриотизам. Да ни продаваат обнова тие што ја урнисаа економијата. Тие што го партизираа судството и правосудството и го нарушија комплетно образованието?! Не можат да продаваат обнова ни на слободата, кога денеска слободата блеска на сите страни, секој може слободно да си каже што сака и да не му фали влакно на главата, а пред три години се молчеше и некои имиња не смееја да се споменат во државата. Уриваа, го урнисаа и Космос и сѐ што им беше на патот. Земаа приватни фирми да бидат во нивна сопственост. Делеа субвенции и социјална помош по партиски штабови. Тоа ќе го обновуваат? Таа обнова е како нивниот стиропор патриотизам. Гледате како одминува времето стиропорот се рони, се разобличува, се отвора, и излегува вистинското лице од него. Секој ден се разголуваат и Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, рече Заев.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе