Од собраниската говорница

Заев се откажа од Министерството за финансии, ќе го раководи само до изборот на нов министер

Премиерот Зоран Заев од собраниската говорница рече дека го повлекува предлогот да биде и министер за финансии иако Уставот и Законот за Влада го дозволуваат тоа, а со Министерството за финансии ќе раководи додека не се избере нов министер.

„Уставот и Законот за Влада дозволуваат премиерот да биде и министер. Сепак, му дадов налог на кабинетот да ја повлече мојата кандидатура за министер за финансии. Кога е отворена дилема и дебата, власта, премиерот и сите, треба да ја слушнеме опозицијата, но и телата како Антикорупциската комисија. Јас ќе раководам со Министерството за финансии, се додека не се избере нов министер“, изјави Заев.

Претходно Антикорупциска комисија со писмо го информираше претседателот на Собранието и Владата дека премиерот не може да биде и министер за финансии поради конфликт на интереси.

Заев на денешната седница им се заблагодари на министрите кои дадоа оставка.  

Собранието на почетокот на седницата констатираше дека на министрите за култура, за земјоделство шумарство и водостопанство, за животна средина и на министерот без ресор,  Асаф Адеми, Љупчо Николовски, Садула Дураку и Зоран Шапуриќ им престана мандатот, бидејќи тие претходно поднеле оставки. Ниту еден од министрите не ја образложи својата оставка.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, повикувајќи се на истите членови од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, побара од дневниот ред на денешната седница да биде тргната точката за избор на нови министри, но неговиот предлог не беше прифатен.

На денешната собраниска седница пратениците треба да гласаат и за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа, Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците и премиерот Зоран Заев за министер за финансии, функција што ќе ја извршува во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.

На дневен ред на денешната седница се и предлозите за разрешување на Драган Тевдовски од функцијата министер за финансии, Сухејл Фазлиу од функцијата министер за локална самоуправа и Хазби Лика од функцијата министер без ресор задолжен за спроведување на Рамковниот договор. 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе