За АНА-МПА

Заев се надева на средба со Ципрас во Атина после Нова година

Премиерот Зоран Заев планира после Нова година да ја посети Атина и да се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас и останатит високи грчки функционери. 

„Ја планирам мојата посета на Атина и се надевам на почетокот на идната година да се сретнам со премиерот Алексис Ципрас, со министерот за надворешни работи Никос Коѕиас, со претседателот на Грција  и со грчки пратеници“, изјавил Заев во интервју за грчката агенција АНА-МПА.

Во интервјуто Заев говори за неговите заложби и посветеност за градење пријателски односи со Грција базирани на взаемна доверба, со што ќе се олесни решавањето на прашањето за името.

Тој директно побарал поддршка и помош од грчките граѓани и, преку институциите, од грчката влада, од опозицијата и од грчкиот парламент.
Во однос на прашањето за името, рекол дека тоа „деликатно прашање и не е лесно ни за грчките политичари, но изразил подготвеност „да се обидат да се разберат меѓусебе и да поттикнат решение што ќе биде взаемно прифатливо“.

Заев, исто така нагласил дека за Македонија нема алтернатива на членството во НАТO и во ЕУ и дека владата која што тој ја предводи работи на реформите, особено во судството, јавната администрација и образованието, додека во надворешните односи врвен приоритет е подобрувањето на односите со соседите. 

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе