Заев се надева на независните пратеници, тие бараат увид во законот за Јавно обвинителство

Пред денешната средба на политичките партии и парламентарни групи со министерката за правда Рената Дескоска за законот за Јавно обвинителство, лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека се надева на поддршка од независните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Независната пратеничка група, пак, преку соопштение побара увид во предлог законот.

„Полагаме сериозна надеж кај пратениците од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, од опозицијата, македонска, албанска од сите политички партии, од парламентарното мнозинство, со цел да се постигне консензус, ако не друго барем за двотретинско мнозинство за овој закон“, изјави денеска Заев.

Тој ги повика сите политички субјекти да преземат одговорност во донесувањето на законот за јавно обвинителство, и како што рече, да бидат решавачки фактор кога е во прашање правната држава и европската иднина на земјава.

„Особено ја повикувам опозицијата да се надмине себеси со прифаќање на законско решение за јавно обвинителство, да докаже дека е против криминалот и дека е за владеење на правото“, рече Заев и додаде дека носењето на законот за ЈО ја гарантира европската иднина на државата.

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагираше дека за законот за Јавно обвинителство во различен контекст биле злоупотребувани. Според осумтемина пратеници „крајно несериозно е една година неколку луѓе, а не Собранието преку пратениците да имаат разговори зад затворени врати“ и бараат процесот да биде инклузивен.

„Министерството за правда, уште денес треба да го достави законот во Собрание на разгледување на сите политички субјекти, таму кадешто е местото, а не во политичките штабови“, наведува пратеничката група.

Тие бараат и јавна расправа за законот во која ќе бидат вклучени експерти и претставници на меѓународната заедница, а нивните забелешки потоа ќе се вградат во решението.

„Крајно несериозно е една година неколку луѓе, а не Собранието преку пратениците да имаат разговори зад затворени врати. Процесот треба да биде инклузивен, освен ако обете партии не сакаат политички договор наместо добар закон. Министерството за правда, уште денес треба да го достави законот во Собрание на разгледување на сите политички субјекти, таму кадешто е местото, а не во политичките штабови. Претседателот на работното тело кое ќе биде назначено, веднаш да ги исконтактира експертите од областа, граѓанскиот сектор и засегнатите професионалци, и итно да закаже јавна расправа во која ќе се вклучат и меѓународни преставници за целосна транспарентност на процесот.  Според забелешките од јавната расправа, политичките партии да се постават на ниво на државотворни чинители, да се надминат себеси и да понудат решение кое ќе ги приближи нивните ставови. Во духот на владеењето на правото, после таков инклузивен процес, и Независната пратеничка група како и останатите ќе ги понуди своите размислувања за што подобро законско решение“, пишува во соопштението од независните пратеници.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе