Пред утрешната лидерска средба

Заев се надева на договор со опозицијата за избори во првиот можен рок

Неопходни се избори во првиот можен момент, а како што препорачуават здравствените власти излегуваме од здравствената криза, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

о интервју за ТВ Сител тој рече дека се надева оти на лидерската средба ќе постигнат договор со опозицијата.

„Не верувам дека нема. Секојпат консензуално се одлучувало за датумот за изборите. Ако опозицијата има аргументи, ги стави на маса и се издржани, ќе ги прифатиме и никако нема да стоиме на роковите од 21 или 28 јуни”, рече Заев.

Тој додава дека нема ултиматум за датумот за избори, сака заеднички договор и како што вели, „да бидеме разумни и одговорни затоа што мора да научиме да живееме со кризата додека не се најде вакцина”.

„Во такви околности сите треба да бидеме разумни и да ги вратиме во функција институциите како Парламентот и политичката Влада”, порача Заев пред утрешната лидерска средба на која треба да се договори датумот за предвремени парламентарни избори.

Тој го повтори ставот на партијата дека избори се неопходни во првиот можен рок по намалување на интензитетот на коронавирусот.

„Сега кога излегуваме од оваа здравствената криза треба да се оди на избори, и затоа СДСМ е на став дека  во првиот пригоден момент треба да се оди на избори. Во јули веќе ќе бидат отворени границите и нашата национална стратегија ќе биде меѓународна кога ќе се отворени граници, жешко е… Ризикот од зараза е уште поголем од есен, кога ќе се отворат училиштата, сите други колективни објекти ќе функционираат. Затоа стоиме на став дека најбрзиот можен момент, доколку го гарантираат здравствените власти, тие така и го препорачуваат, треба да го фатиме и да одиме на избори”, истакна Заев.

Тој уште кажа дек стопанството, фирмите, сите треба да знаат дека Владата чува резервни капацитети за крајот на летото или почетокот на есента, заради тоа што очекуваат да има и следен бран од здравствената криза.

Заев ги отфрли обвинувањата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предизборен поткуп со ребалансот на Буџетот и новите мерки за поддршка на стопанството и граѓаните.

Во однос на економските мерки, тој рече дека трите пакети опфаќаат над 730.000 граѓани, односно повеќе од 320.000 семејства. Заев смета дека ја надминуваме економската криза и се обезбедува заживување, рестартирање на македонската економија и нејзина трансформација.

„Сите три пакети мерки опфаќаат 730 илјади граѓани, тоа се повеќе од 320 илјади семејства. Овој пакет на мерки има многу широк опфат, навремено е испорачан, и има за цел поддршка на економијата и на фирмите, помош на ранливите, сиромашните, на оние граѓани на кои помошта им е неопходна.

Платежната картичка е исто така дел од третиот пакет мерки, која овозможува  директна помош од 150 евра кои во рок од 30 дена треба да ги потрошат на домашни произвори или ваучерот за домашен туризам”, рече Заев.  

Од мерките за стопанството, тој ја издвои директната поддршка на неповратни пари за фирмите.

„Има огромен пакет за стопанството каде што ќе се вложат 25 милиони евра директни неповрати пари за фирмите, обезбедени се 31 милион евра бескаматни кредити за микро и мали претпријатија, 125 милиони евра за поддршка на кредити за сите компании, како и дополнителни 30 милиони евра поддршка за вработување на млади, жени менаџери, иновации”, изјави Заев.

Според него, вкупната вредност на трите пакети економски мерки на Владата досега изнесува 550 милиони евра што е 5,5% од БДП.

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе