Во интервју за „Политико“

Заев се надева на американска помош за решавање на спорот со Бугарија

Доколку ЕУ не започне преговори со Македонија и со Албанија ќе ја згуби позицијата и ќе им остави простор на ривалските сили. Фрустрациите околу блокадата на разговорите за членство и испораката на вакцини им дава шанса на Кина и Русија, предупредува премиерот Зоран Заев во интервју за „Политико“.

Според Заев, неуспехот да се започнат преговорите ќе влијае на само на Северна Македонија и Албанија, туку и на поширокиот регион на Западен Балкан. Ако ЕУ не ги исполнува своите ветувања во регионот, тоа исто така ќе биде и помал поттик за Косово и Србија да најдат решение во разговорите под покровителство на Унијата и ќе направи да биде помалку веројатно Босна и Херцеговина да ги спроведе потребните реформи.

Заев, исто така, ја отфрла и идејата на еврокомесарот Оливер Вархеји за раздвојување на Албанија и Македонија за почеток на преговорите.

„Има јасна порака против одвојувањето и се надевам дека Бугарија ќе биде разумна“, вели тој.

Во интервјуто, Заев проблемот го опишува како „несуштински“ и изразува оптимизам дека може да се најде решение за спорот со Бугарија, а се надева и на помош од западните сили, вклучително и од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Доколку нема напредок, предупредува Заев, процесор на проширување ќе биде замрзнат најмалку уште година и половина, поради изборите во Бугарија, Германија и Франција.

„Толку многу жртви и после тоа ЕУ да не испорача. Тоа е проблем. Покажавме повеќе европски вредности и манири од ЕУ“, истакнува Заев.

Во однос на вакцините, вели дека неговата влада платила политичка цена за довербата во солидарноста на ЕУ.

Наспроти сите неуспеси во последниот период, Заев е оптимист дека ЕУ брзо може да ја поврати довербата, со брзо отворање на разговорите за членство.

 

 

 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе