Пред внатрепартиските избори на 21 март

Заев се кандидираше за претседател на СДСМ и најави нова политика на партијата

Ја доставив мојата кандидатура за претседател на СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија, објави вчера Зоран Заев, лидерот на оваа партија и премиер на својот фејсбук профил.

„Пред членовите на партијата излегувам сo програма: Нова политика – СДСМ прв во промените! Ја барам поддршка за нов мандат како претседател, на првите директни внатрепартиски избори што ќе се одржат на 21 март“, напиша Заев.

То додаде дека доколку ја добие довербата, за време на новиот мандат ќе спроведе „досега најголема политичка акција за промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ. Нова политика – пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото делување на #СДСМ и Република Северна Македонија“, напиша Заев.

Засега само актуелниот лидер на СДСМ Зоран Заев, поднел кандидатура за претседател на партијата на внатрепартиските избори кои ќе се одржат на 21 март.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе