Заев: СДСМ поддржува промена на изборниот модел со една изборна единица

СДСМ поддржува промена на изборниот модел во една изборна единица и ги охрабрува подносителите на оваа иницијатива да го отворат изборното законодавство во интерес на демократијата, порача денеска премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Тој ова го изјави денеска по тркалезна маса на тема „Промена на изборниот модел од шест во една изборна единица и отворени листи", во организација на Иницијативата за една изборна единица во која првично беа вклучени 12 пратеници, а потоа поддршка дадоа уште тројца.

Според Заев со овие измени највисоко рангираните партии ќе изгубат најмногу, но ќе добие демократијата.

„Се работи за важна работа, која се дискутира во државата, која претставува еден чекор повеќе за  демократијата. Дебатата, која е отворена од иницијативата, предводена од Поповска, но и од другите пратеници, досега од 15 пратеници, да се отвори потребата за измена на изборното законодавство да се вгради нови изборен модел, мнозинството од граѓаните тоа го очекуваат. Сите сакаат да направат нешто повеќе за својот народ. Изразениот ризик дека секогаш овие модели можат да донесат ризик за идно автократско владеење, секогаш овие модели можат да носат ризик за автократско однесување на поголемите политички партии, но и демократкиот начин за поставување на фер шанса за сите, имајќи ја предвид мултиетничноста на државата“, рече Заев.

Изрази верување дека со сериозни аргументи ќе се отвори дискусија да се носат одлуки во функција на демократијата.

Додаде дека преку ваквиот модел, секој пратеник ќе има поголем легитимитет и тежина и со него ќе стане поефиканска борбата против клиентелизмот и партизацијата на нашето општество.

Испрати порака до ВМРО-ДПМНЕ и до ДУИ, чии претставници не присустуваат на тркалезната маса, внимателно да размислат.

„И кај нив има демократски капацитети и тие добиваат од оваа работа, ако некој губи тоа ќе бидат СДСМ, потоа ВМРО-ДПМНЕ, потоа другите не губат“, додаде премиерот.

Во врска со отворените листи рече дека СДСМ смета дека во моментов воведувањето една изборна единица е многу сериозен чекор и оти двете промени наеднаш тешко дека ќе можат да се спојат во моментов.

„Тоа би значело листа од 120 кандидати за пратеници, од 120-те кандидати граѓаните треба да ги пронајдат во чаршафот, треба да го пронајдат каде е нивниот вистински кандидат“, рече Заев и додаде дека вториот проблем е што веројатно акумулацијата на гласовите ќе дојде кај кандидатите од поголемите средини и тие ќе имаат 50 до 60  отсто од пратениците.

Додаде дека отворените листи можат да се пробаат на следните локални избори, во 2021 година. 

„Среќен сум што конечно наш висок претставник, а тоа е првиот човек на државата, претседателот Пендаровски ќе може да се види со првиот човек на пријателска Франција. Тоа за нас секако е можност уште еднаш да се разговара за сите аргументи на светот што постојат на наша страна, за претседателот Макрон уште еднаш да ги разгледа ситуациите во духот на паралелениот процес на нови методологии за  да се одвива самиот процес затоа што е важно и тоа не е важно само за Република Северна Македонија, само за Западен Балкан, важно е за Европа. Важно е навистина за целиот европски континент, за ЕУ е многу важно. Верувам дека ќе биде одлична можност да ги претставиме нашите ставови нашите аргументи по ова прашање“, изјави премиерот Заев.

Тој изрази надеж дека во иднина ќе може да се сретне и тој со Макрон, посочувајќи дека „три-четири месеци барал средба".

„Се надевам дека во иднина и јас ќе имам таа можност. Јас сум среќен што претседателот ќе се види и знаете дека некои три-четири месеци барав и јас средба, веројатно и претседателот Пендаровски барал средба со претседателот Макрон, но сум среќен што првиот претставник на нашата држава ќе оствари средба која може да биде само од помош“, потенцира Заев.

Лустрацијата беше непотребна и смешна фарса, неуспешна пресметка и понижување на политичките неистомисленици. За ветингот да успее, треба да ги опфати сите.

повеќе

Законски да се регулира дека за амбасадорските места ќе има интерен (во МНР) оглас и кандидирање на заинтересираните.

повеќе

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе