СДСМ-ВМРО-ДПМНЕ

Заев сака лидерска за СЈО, пописот и Изборниот законик, Мицкоски само за предвремени избори

И покрај тоа што лидерот на СДСМ Зоран Заев најави дека наредната недела е можна и лидерска средба откако членовите на неговата партија со ВМРО-ДПМНЕ ќе ги усогласат сите недоразбирања околу законот за СЈО, пописот и Изборниот законик, Мицкоски, лидерот на опозицијата вели нешто сосема друго.

ристијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за ТВ Алсат смета дека во овој момент лидерска средба треба да има само за предврменеи избори.

„лидерите треба да седнат, да ги организираат пратеничките групи и да повикаат на предвремени избори“, рече Мицкоски и не ја исклучува и можноста за организирање мирни протести.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сѐ уште нема покана од власта за лидерска средба.

„Власта и премиерот Заев да покажат зрелост, да се седне и да се разговара за што поскоро организирање на предвремени избори, бидејќи изворот на сите проблеми се наоѓа на Илинденска број 2“, рече портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Столиковски.

За СДСМ вомоментов сстратешко прашање е да се донесе Законот за јавно обвинителството.

„Сѐ уште нема договор за лидерска средба. Но ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочи процесите што се од интерес на државата и да помогнат да се донесат законите кои се во интерес на евроатланската интеграција на земјата, пред се Законот за јавно обвинителство во кој се решава и СЈО“, рече Костадин Ацевски од СДСМ.

Последната лидерска средба меѓу Заев и Мицкоски се одржа во март годинава пред претседателските избори. 

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе