Заев разговарал со надлежните за случајот „Бегство на Мијалков“, бара одговори за истрагата

Премиерот Зоран Заев денеска изутрина имал работен состанок со првите одговорни лица, претставници на институциите кои имаат надлежност во случајот „Бегство на Мијалков“ за директно и лично да се информира за сите аспекти на случувањата изминатите денови, за истрагата и за чекорите кои институциите ги преземаат.

Како што велат од Владата, Заев стои цврсто на неговите јасни и јавно изнесени позиции дека сите надлежни институции, согласно своите надлежности, имаат обврска да го лоцираат лицето Сашо Мијалков.

„Премиерот порачува дека граѓаните очекуваат детално објаснување, дека институциите се должни да дадат јасни одговори на сите прашања за овој случај и дека не се можни компромиси со правдата и одговорноста“, ни изјавија од Владата.

Сепак, нема одговор на прашањето кој ќе понесе одговорност за бегството на Мијалков, иако има многу реакции и барања за одговорност и истрага за евентуални пропусти од надлежните институции.

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков. Полицијата во неделата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството го донел Кривичниот суд.

Мијалков е еден од обвинетите за нелегалното прислушување на над 20 илјади граѓани во периодот од 2008 до 2015 година, а Обвинителството во завршните зборови за „Таргет-Тврдина“ побара максимална казна за него. Пресудата треба да биде објавена в петок, на 26 февруари.

 

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе