Охрид

Заев, Рама и Вучиќ ја утврдија декларацијата со приоритети за регионална соработка

Maкедонскиот премиер Зоран Заев, заедно со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и со премиерот на Република Албанија Еди Рама денеска во Охрид потпишаа декларација со листа на приоритети и и мерки за подобрувања на регионалната соработка. Денешната трилатерална средба се одржува во пресрет на состанокот на лидерите од Западен Балкан што ќе се одржи утре.

Оваа декларација со листа на приоритети и мерки доаѓа по претходната нивна заедничка средба во Нови Сад.

Во основата на декларацијата е соработката, заедничкиот ангажман и елиминирање на сите препреки за слободно движење на луѓе, добра, услуги и капитал, како придонес за граѓаните од сите земји од регионот во остварувањето на заедничка крајна цел - полноправно членство во ЕУ, се вели во соопштението на Владата.

 

„Од определбата за поинтензивна соработка врз основа на заеднички усвоена декларација се очекува на граничните премини, покрај заедничките царински контроли да има заедничка соработка на фитосанитарните контроли, како и слободно движење на граѓаните во трите земји само со лични карти.

Декларацијата ги најавува можностите на отворен пазар и пристап за бизнис иницијативи во целиот регион без разлика на местото на основање на компаниите, создавање нови работни места и поттикнување на потенцијалите за севкупен развој. Оваа иницијатива отвора големи можности за младите од поврзувањето по угледот на европскиот модел за имплементирање на стандардите на ЕУ со цел економски напредок на земјите од Западен Балкан и целокупната демократска трансформација“, се вели во соопштението.

Утре е предвидена и пленарна сесија на лидерите на земјите од Западен Балкан со претставници на Европската Унија, на Советот за регионална соработка, на Светската Банка, на Европската банка за обнова и развој, на Европската инвестициска банка, по што ќе се одржи и заедничка прес конференција.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе