Заев, Рама и Вучиќ прошетаа по скопскиот кеј

Премиерот Зоран Заев попладнево ги пречекал српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, кои ќе учествуваат на главниот панел на Регионалниот економски форум што ќе се одржи утре во Скопје.

„Попладнево им посакав добредојде на претседателот на Србија, Вучиќ и на премиерот на Албанија, Рама после што имавме заедничка прошетка по новиот скопски кеј, каде домаќин ни беше градоначалникот Шилегов. Разговаравме и со граѓаните во центарот на Скопје, како најава на Економскиот форум за регионална соработка кој првпат се одржува во Северна Македонија, како и за отворањето на нови перспективи за нашето поврзување“, напиша премиерот Заев на својот фејсбук профил.

Балканот, пишува тој, е нашиот заеднички европски дом во кој се поддржуваме и во кој ги унапредуваме односите.

„Нашиот поглед е напред, кон подобро утре, кон економски раст и развој, кон добробит за нашите народи“, напиша  Заев на Фејсбук. 

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе