Заев: Прво внатрепартиски конуслтации и разговори со малите партии, потоа одлука за ДУИ

По внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии ќе се одлучува за активностите на ДУИ, односно за поднесувањето на пет-шест илјадите амандамани за Изборниот законик, истакна премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев кој рече и она што ВМРО-ДПМНЕ испратило девет илјади амандмани е силен сигнал за блокирање на процесот.

„Ќе ги видиме сите анализи. Со партнерите ќе разговарам и сакаме да ги видиме ваквите објаснувања. Но, како што реков вчера, навистина пораката е многу нелогична, партнерите во најмала рака зборуваат. Ние зборувавме со нашите аргументи зошто е подобро една изборна единица. Се одржаа состаноци, се носеа одлуки од страна на политичките партии и не смееме да не го слушаме гласот на помалите политички партии. На крајот имаме изнасилена демократија. Демократијата се базира навистина на мнозинството и аргументите да ги ставиме на маса. Имаше одредени идеи сега да донесеме па да важат 2024. Јас се залагам да важи веднаш и мислам дека тоа можеме“, истакна лидерот на СДСМ.

Ова, рече тој, е еден исчекор што сме должни пред граѓаните да го направиме не заради тоа што ние сме ветиле пред изборите. Реков ние губиме, после тоа губи ВМРО-ДПМНЕ, па после добиваат сите. „Прво добива државата ама добиваат и сите други политички партии“, нагласи Заев. 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе