Заев: Прво ќе се провери автентичноста на изјавата на Закаријас, па ќе се реагира

Службите во Министерството за надворешни работи ќе ја проверат автентичноста на изјавата на португалската министерка за Европа, Ана Паола Закаријас, која рече дека македонскиот јазик некогаш бил дела од бугарскиот, па соодветно ќе се реагира, најави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција за предлог-законот за отпис на каматите. 

„Португалскиот предлог нуди решенија, но во него не се заземаат страни. Во португалскиот предлог за преговарачката рамка стои дека преводот на акито ќе биде на македонски јазик. Секако, имаат изјави двете страни, и нашата и бугарската. Веројатно португалската министерка направила толкување за бугарски медиуми или слично. Ќе провериме денеска преку МНР за автентичноста на тоа што е кажано. И МНР соодветно ќе реагира во јавноста“, рече Заев, одговарајќи на прашањето дали и по ваквата изјава смета дека португалскиот предлог за решавање на спорот со Бугарија е сè уште добар. 

Тој појасни дека португалскиот предлог содржи изјави и на двете страни кои даваат свои толкувања за спорните прашања. Според Заев, македонската страна само изјави дека тоа е добра основа, а кога заврши Европскиот совет тој и министерот Бујар Османи дале длабински коментари за португалскиот предлог.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе