„Просечната плата од месец во месец продолжува да расте! Економската година ги дава резултатите, а граѓаните ги чувствуваат ефектите. Продолжуваме и не застануваме, до крајот на мандатот на оваа Влада, просечната плата да биде 30.000 денари“, напиша Заев во објавата на својот фејсбук-профил.
И СДСМ соопшти дека просечната нето плата во мај изнесувала 25.270 денари и споредено со мај 2018 година е поголема за 3,1 отсто. „Владата предводена од СДСМ продолжува со мерките кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисоки плати и подобар животен стандард. Приближувањето на Македонија кон членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, придонесува за одржување на позитивен тренд на раст на платите, со крајна цел просечната плата да достигне 30.000 денари веќе до крајот на 2019 година“, соопшти СДСМ.