Заев: Притворот не треба да биде казна, без разлика дали е за Јанева, за Груевски или за некој друг

Не ја знам одлуката на судот, но останувам конзистентен на своите политики дека притворот не треба да биде казна без разлика дали се работи за Катица Јанева, за Груевски или за кого било во општеството, изјави вечерва премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање во емисија на МТВ поврзано со одлуката за определување куќен притвор за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, Заев рече дека оти притворите од 60, 90, 100, 200 или 300 дена се казна и додаде дека верува во ефикасни судски процеси во кои ќе се утврди вината и одговорност да си сноси осомниченото или обвинетото лице. Според него, потребно е да има одлука без разлика каква и да е. Рече дека не го обвинува само судството, туку и обвинителството.

„До ден денеска се прашувам како тоа Груевски е ставен по тој член за делото брзо да застари, а другите не, кога сите ги слушавме бомбите кој тоа го организира. Јас не знам дали тука е судот или обвинителството и затоа зборувам за правосудството”, рече Заев.

Тој смета дека треба да има ветинг и за политичарите, и во Министерството за внатрешни работи и во судството.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе