Интревју на Заев на Само Вистина

Заев: Прислушувани разговори доставени до СЈО сведочат за лажниот патриотизам

Поранешниот премиер Никола Груевски во 2012 и во 2013 година се согласил нашата земја да го добие името „Горна Македонија“, но Грција одбила, бидејќи била испровоцирана од антиквизацијата и од проектот „Скопје 2014“.

Ова вечерва ексклузивно во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 го соопшти премиерот Зоран Заев, повикувајќи се на прислушуваните разговори доставени до СЈО. Премиерот потенцираше дека вечерва првпат ги спомнува овие прислушувани разговори кои сведочат за калкулантството и за лажниот патриотизам на Груевски и на неговите следбеници. Тој рече дека кога ја објавувал „бомбата“ за преговорите за името овој дел не го објавил за да не наштети на преговарачката позиција на Македонија.

Премиерот Зоран Заев во интервјуто рече дека подарувањето на вратоврската на неговиот грчки колега Ципрас по потпишувањето на договорот било спонтано.

„На првата средба во Давос кога го пречекав Цирпас бев без кравата. Првото поздравување му реков еве јас те чекам без кравата, првиот чекор го направив, сега е ред на вас. Ципрас има изјавено дека тој нема да стави кравата додека не ја извади Грција од економската криза. Тоа не беше дел од сценарио, јас ја извадив кравата и му ја подарив за Грција брзо да се справи со економската криза, и му реков ако немате кравата еве ние ќе ви помогнеме. Јас верувам дека економски стабилен сосед е добро и за нас“, рече Заев.

 

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе